EUPL 2016 – Interview with Nenad Joldeski

Интервју во Cook and Book во Брисел. Зборувам по повод награда и настанувањето на книгата Секој со своето езеро.  

Insomnia (Расплетување на генеалошките јазли)

„Insomnia“ најпрвин нè соочува со својот несекојдневен формат (22 см х 22 см), но и воопшто со своето специфично типографско и графичко решение. Ваквиот паратекстуалниот импулс уште на почетокот навестува влез во свет без јасно омеѓени граници и без стабилна подлога воопшто. Затоа „Insomnia“ е нешто помеѓу – во жанровска смисла пред сè . Но помеѓу што навистина е „Insomnia“?

Електричен импулс до Зијадин Села

Господине Зијадин Села,

Мистериозен сте и лукав како јагула на која и атрофирал дигестивниот систем и сега на дното, во глад и во темнина ја очекува половата зрелост. Вашата игра е во ноќта, зашто преку ден се вкопувате во тињата и се криете, надевајќи се дека преобразбата нема да трае предолго и дека набрзо ќе заминете од таму како грабливец, со глава на лав и змиско тело и куфер полн ТИЊА за да може да се сокриете во секое време. А кофер као кофер, празан.

Снег од вселената

Фрлајќи поглед врз Даблин низ неговите „фино полирани очила“, Џојс ќе успее да создаде дело во кое љубовта, бракот, политиката, семејството, декаденцијата, моралот и смртта во еден комплексен сооднос тематски се преплетуваат низ расказите кои на прв поглед наликуваат на секојдневен портрет на парализираното ирско секојдневие. Тематскиот комплекс можеби најрепрезентативно е воочлив во последното парче од даблинскиот мозаик на Џојс, расказот Мртви за кој многумина критичари сметаат дека може да се набљудува и како засебна новела.

Магла

Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското…

Јас Магелан

Јас Магелан /исцртувам линии на твоето тело /меѓу твоите препони мојот екватор /меѓу твоите четири усни мојот главен меридијан…