Јас Магелан

21° 26′ λ 42° ϕ

Јас Магелан
исцртувам линии на твоето тело
меѓу твоите препони мојот екватор
меѓу твоите четири усни мојот главен меридијан
и го знам секој сантим на твојата земја
од арктичкото студенило во твојата глава
преку пустината околу твојот папок
се до твоите санта пети
јас насетувам каде ќе израснат магнолии
и каде животот ќе замре
во колку часот ти заоѓа сонцето драга
и кога се раѓа влажната ѕвезда во твојата рака

ротира
ротира твоето тело
околу мојата замислена оска
и јас знам се`
и јас гледам се`
но не и дека бавно
сум запловил накај Филипините

———————————————-
фотографија: Bill Brandt

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s