Електричен импулс до Зијадин Села

Господине Зијадин Села,

Мистериозен сте и лукав како јагула на која и атрофирал дигестивниот систем и сега на дното, во глад и во темнина ја очекува половата зрелост. Вашата игра е во ноќта, зашто преку ден се вкопувате во тињата и се криете, надевајќи се дека преобразбата нема да трае предолго и дека набрзо ќе заминете од таму како грабливец, со глава на лав и змиско тело и куфер полн ТИЊА за да можете да се сокриете во секое време. А кофер као кофер, празан.

Да не сте сонувале како си го јадете опашот можеби? Или пак ослепевте од будност, од предолго исчекување, нѐ трепнавте долго време и сега ви паѓа превез пред очите? Зарем не гледате дека дијагнозата која сте ја препишале на билбордот со порака до Струшките вечери на поезијата се претвора во негова сопствена болест и го разјадува однатре во суштината, ве разјадува вас, нас, Струга, стружани!? Зарем не ви се чини, господине Села, дека дијагностицираниот го заболел дијагностичарот и сега заедно двајцата боледувате во карантин? Можеби затоа заминавте на одмор? Сонувате ли можеби таму нешто друго?

Боледувате од лудило господине Села, вие, власта и папсаната опозиција. Болен е и градот со мостовите што висат бедно, болни се скратените темели што сведочат за прекинатата врска, болно е и езерото од бетонските дамки по брегот, болни се летоците што леткаат по чаршискиот мост – црно на црно напишано – болно е сонцето на знамето и она горе над нас што свети и не чува. Небото не плукна господине Села и ние заедно паѓаме долу, очи во раце затворени, уши во усти зашиени. Болно е сè, гнило однатре, болна е поезијата, мртви се поетите, со катран и перје потурени и на мостот обесени. Болен е фестивалот кој сте го јавнале, од пијавици исцицан, од жири комисии сардисан, болен е, а ни го оставиле во аманет вели еден пријател, не можеш така лесно да го погребеш, претежок е да се однеси на раце до свежиот гроб. Болни се и сините погледите што низ магла си ги разминуваме со моите албански пријатели. Болна е чаршијата и воздухот, и двогледите се болни, допирот, мирисот, животот, болни се СТРУЖАНИ, СТРУЖАНИ, СТРУЖАНИ!

Затоа, ќе ве замолам, престанете да глодате и вие на коската на национализмот од каде вирее болеста, не кријте ги паднатите забите под перница како нив, зашто кога ќе ги изгубите сите, со беззабна вилица ќе почнете да цицате во празното и ќе се поите со ништото. Не велете како многумина пред вас: Ние цицаме од мајчиното млеко и бели сме до бескрајна белина! Немојте аман! Бидете исклучок! Доста ни беше! Си ја бараме штамата назад и онаа вистинската Струга на стружани! Мир и ништо повеќе!

И за крај знајте, овој импулс е електричен, подводен и таен крик, покрај другото јагулите го испраќаат како мерка за безбедност, предупредува од непријатели, ви мисли добро, па затоа, останете мирни и слушнете ме што имам да ви кажам во подводна тишина: бзззззззззз…

 ————————————-

забелешка: фотографија од библиордот кој го испровоцира спонатаното раѓање на овој текст може да ја видете тука.

* слика: Paul Klee ; 69.2 x 49.6 cm

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s