EUPL 2016 – Interview with Nenad Joldeski

Интервју во Cook and Book во Брисел. Зборувам по повод награда и настанувањето на книгата Секој со своето езеро.   Advertisements

Електричен импулс до Зијадин Села

Господине Зијадин Села,

Мистериозен сте и лукав како јагула на која и атрофирал дигестивниот систем и сега на дното, во глад и во темнина ја очекува половата зрелост. Вашата игра е во ноќта, зашто преку ден се вкопувате во тињата и се криете, надевајќи се дека преобразбата нема да трае предолго и дека набрзо ќе заминете од таму како грабливец, со глава на лав и змиско тело и куфер полн ТИЊА за да може да се сокриете во секое време. А кофер као кофер, празан.