Снег од вселената

Фрлајќи поглед врз Даблин низ неговите „фино полирани очила“, Џојс ќе успее да создаде дело во кое љубовта, бракот, политиката, семејството, декаденцијата, моралот и смртта во еден комплексен сооднос тематски се преплетуваат низ расказите кои на прв поглед наликуваат на секојдневен портрет на парализираното ирско секојдневие. Тематскиот комплекс можеби најрепрезентативно е воочлив во последното парче од даблинскиот мозаик на Џојс, расказот Мртви за кој многумина критичари сметаат дека може да се набљудува и како засебна новела.