Кичево – Струга виа Боб Дилан

Well Mack the Finger said to Louie the King / I got forty red white and blue shoestrings
And a thousand telephones that don’t ring / Do you know where I can get rid of these things… намали музика… намали брзина… тука е пренасочено… пази дупка… глеј го патот… овој враќа рикверс на кружен тек, закочи… пази отворена шахта… пушти го тој со спејс шатлот, тебе те учеле тралфамадорци… не се нервирај… пази дупка… пази стока… полна линија и кривина… пази дупка… врати се на лентата… Северен Зајас… Источен Зајас… Западен Зајас… Јужен Зајас… пази, семафорот не работи… пази дупка…вози по втората лента… пази лизга… пази куче… тука намали, ми се лоши… пази будала… автобусов вози со 120… ти трепка овој, тргни се… пази дупка… пази пешак… колку време помина… ова мотор или автомобил е? …тука полека… пази одрон… пази тој претекнува… внимателно… работа на пат… пустелија на пат… заборавени знаци… мед… ореви… зајакот од алиса во земјата на чудата, прегазен… пази дупки… не одевме по друга лента минатиот пат? оваа траса помалку тресе… сепак се тресе… ова промашено ко да е? промашено е за сите пари… шлепери, два, три, четири, цел конвој…не претекнувај… пази дупка… одрон од расипани часовници и зајци… овој вози со долги… краток ум, долг автопат… пази дупка… пази живот на патот… пази да не ослепиш… пази дупка… фотелја на пат… овде е дозволено 70 или 170… кочи… уште не го средиле делов… пази пешак, и точак и автомоторобил со едно светло… многу темница бе… ти ебам самите себе ти ебам… ти се плукнам на све брат… пази дупка… читав некаде некој беше оптимист по  повод патов, бил лудница и наскоро ќе бил уште поголема лудница, за брзо готов, ако се сака… пат-мат на ѓаоло врат… шо? пази елен со крилја… пато е масовно на цело село… шо? пази дупка…. а да го најмиме него за возач и да му го лупнеме патов под казна… кого? па на тој оптимистот бе брат… ќе загине на прва кривина… тој лета со авион бе, ги гледа работите од високо, а ние – од жабја перспектива – не ја гледаме шумата од лисјето, зашто крекаме среде бетонската џунгла… капираш? пази коњ… не сме запознаени со целата слика… пази тумба… иии уште една… скок пук тука за полно комбо… забави… заобиколи… внимателно… полека… помини тука нежно… без нагли движења… глатко… сега шибај… уште малку и езерото… ама ти не гледај… гледај го патот-матот и пушти погласно музика… пази дупка… And Louie the King said let me think for a minute son / And he said yes I think it can be easily done / Just take everything down to Highway 61

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.